Можноста за тужба против МОН вчера ја најави членката на КСЗД, Весна Бендевска, велејќи дека доколку се донесе таква одлука тоа би било прв случај Комисијата да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација. На вчерашната прес-конференција таа посочи дека МОН не ја исполнило законската обврска за достава на учебниците, а од вкупно 126 учебници по задолжителните предмети, нема дури 43
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука (МОН) поради недостигот на учебници во основното образование. Одлуката е донесена на денешната седница на Комисијата.
„Комисијата на денешната седница донесе одлука да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против МОН заради повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование“,
посочија од КСЗД во денешното соопштение.
Можноста за тужба против МОН вчера ја најави членката на КСЗД, Весна Бендевска, велејќи дека доколку се донесе таква одлука тоа би било прв случај Комисијата да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација. На вчерашната прес-конференција таа посочи дека МОН не ја исполнило законската обврска за достава на учебниците, а од вкупно 126 учебници по задолжителните предмети, нема дури 43.
Од Министерството за образование и наука, пак, во реакција на вчерашните наводи на КСЗД, одговорија дека активностите за изработка на учебниците согласно важечката наставна програма се почнати навреме, а дека нивната изработка е комплексен процес кој зависи од повеќе фактори кои се независни од системското влијание.