Кумановската полиција поднесе две кривични пријави до обвинителството поради непочитување на мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот, соопшти утрово МВР.
Една кривична е за 67-годишен кумановец. Тој на 17 март авионски пристигнал во земјава од Белгија која, според листата на СЗО, е ризична земја. Потпишал изјава дека ќе се стави во самоизолација 14 дена, но наредниот ден полицијата не го затекнала дома.
Втората кривична пријава е за сопственик на ресторан во Куманово кој не ја почитувал наредбата да се затворат угостителските објекти и да не примаат гости.
Полицијата при контрола на неговиот локал „Олимписко дерби“ затекнала дека е отворен и во него имало две лица кои биле служени со пијалаци.