Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник К. С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место, сѐ до завршување на дисциплинската постапка
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против К. С. – полициски службеник во полициската станица „Бит Пазар“, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 1 од Кривичниот законик.
„На 31.07.2024 околу 22.30 часот на бул. ‘Крсте Мисирков’ во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената“,
информираат од МВР.
Во соопштението се додава дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник К. С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место, сѐ до завршување на дисциплинската постапка.