Минатата недела Русија ги обвини украинските војници дека егзекутирале повеќе од 10 руски воени затвореници, повикувајќи се на видеоснимка која кружеше на руските социјални мрежи како доказ
Кремљ соопшти дека ќе ги изведе пред лицето на правдата одговорните за наводните егзекуции на руските воени заробеници во Украина и ќе направи сè што може за да го привлече вниманието на „военото злосторство“.
Минатата недела Русија ги обвини украинските војници дека егзекутирале повеќе од 10 руски воени затвореници, повикувајќи се на видео снимка која кружеше на руските социјални мрежи како доказ.
„Нема сомнеж дека самата Русија ќе ги бара сторителите на ова злосторство. Тие мора да бидат пронајдени и казнети“,
изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Потпретседателот на украинската влада за европски интеграции изјави дека Киев ќе го истражи видеото, но дека е „многу малку веројатно“ тоа да го покаже она што го тврди Москва, пишува Асошиејтед прес.
Портпаролот на канцеларијата за човекови права на ОН изјави за Ројтерс дека ја прегледува снимката и повика на итна и целосна истрага за наводите.
„Њујорк тајмс“ објави дека ја потврдил автентичноста на видеата од убиството на руските војници, посочувајќи дека се чини оти се убиени од непосредна близина.