Британскиот монарх, пишува „Дејли мејл“, имал кратка средба со Хари, кој дошол во Британија од Калифорнија откако се дознала дијагнозата на Чарлс. Меган и децата не дошле со него. Британските медиуми шпекулираат дека Хари ќе остане во Британија. Многу Британци го сметаат доаѓањето на Хари за „знак за примирје со Чарлс“
Кралот Чарлс Трети во добро расположение ја напуштил куќата „Кларенс“ по состанокот со принцот Хари, јави „Дејли мејл“. Чарлс и кралицата Камила биле видени како ѝ мавтаат на толпата додека ја напуштале кралската резиденција со службено возило. Оттаму, кралскиот хеликоптер полетал од палатата, а монархот наводно отпатувал до неговиот имот во Сандрингам.

Британскиот монарх, пишува „Дејли мејл“, имал кратка средба со Хари, кој дошол во Британија од Калифорнија откако се дознала дијагнозата на Чарлс. Меган и децата не дошле со него. Британските медиуми шпекулираат дека Хари ќе остане во Британија. Многу Британци го сметаат доаѓањето на Хари за „знак за примирје со Чарлс“.
Извори од палатата велат дека „Чарлс е во добра форма“.
Хари синоќа заминал од Лос Анџелес за Лондон, откако Чарлс лично му се јавил за да му каже дека му бил дијагностициран рак.
Би-би-си додава дека не е јасно колку траела средбата меѓу Чарлс Трети и принцот Хари, ниту дали помладиот принц отпатувал во Сандрингам со својот татко.
За потсетување, на кралот Чарлс му е дијагностициран облик на рак, соопшти вчера Бакингемската палата. Тие не прецизираа за каков вид рак се работи. Не станува збор за рак на простата, но ракот бил откриен кога Чарлс неодамна се лекувал од зголемена простата. Минатиот месец кралот поминал три ноќи во болница, откако бил подложен на корективна операција за зголемена простата.