Денеска во земјава беа регистрирани 128 нови случаи со ковид-19, од нив 52 се во Скопје. Со денешните, вкупниот број на активни случаи во главниот град изнесува 1 876.
Распоредени по општини, Чаир сè уште го држи првото место со 265. По него е Аеродром со 207 и ова е единствените скопски општини во кои засега има над 200 активни случаи.
Но, веднаш зад Аеродром се и Гази Баба со 183 и Кисела Вода со 183 активни случаи.
По нив, дистрибуцијата по општини изгледа вака:
- Карпош – 164
- Центар – 150
- Бутел – 133
- Ѓорче Петров – 129
- Шуто Оризари – 120
- Сарај – 109
- Студеничани – 93
- Арачиново – 36
- Илинден – 23
- Сопиште – 22
- Петровец – 20
- Чучер Сандево – 12
- Зелениково-7
- Странци – 8
Два случаи сè уште не се распоредени.