Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10 213, бројката на оздравени пациенти е 5 564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 183. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4 660, активни 1876
• Куманово 991, активни 284
• Дебар 192, активни 124
• Штип 761, активни 409
• Прилеп 324, активни 53
• Тетово 998, активни 278
• Струга 416, активни 206
• Велес 212, активни 20
• Битола 116, активни 59
• Охрид 262, активни 111
• Кавадарци 48, активни 31
• Гостивар 385, активни 234
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се од Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 28, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 95, активни 23
• Пробиштип 48, активни 29
• Демир Хисар 24, активни 22
• Македонски Брод 15, активни 11
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 7, активни 3
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од М.Kаменица)
• Кратово 13, активни 8
• Свети Николе 217, активни 189
• Кичево 120, активни 90
• Ресен 143, активни 40
• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)