Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пак, пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 4 април, во домашни услови и кај него е регистриран коморбидитет, информира Министерството за здравство
Изминатото деноноќие направени се 1 688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од заразените се од Скопје – 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции.
Регистрирани сe 177 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 24, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Гостивар и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Куманово, Ресен и Делчево – по 5, Струмица – 4, Гевгелија и Свети Николе – 3, Неготино – 2, Тетово, Радовиш, Виница, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 4 април, во домашни услови и кај него е регистриран коморбидитет.
Досега во земјата се направени вкупно 1 992 684 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308 390, бројот на оздравени пациенти е 298 099, на починати е 9 261, а бројот на активни случаи изнесува 1 030.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144 899, Активни 565
Куманово 16 606, Активни 17
Битола 15 095, Активни 157
Прилеп 14 093, Активни 52
Тетово 13 438, Активни 12
Кавадарци 10 594, Активни 33
Велес 9 718, Активни 17
Гостивар 9 565, Активни 16
Охрид 8 808, Активни 26
Струмица 8 036, Активни 17
Штип 7 998, Активни 19
Кичево 5 597, Активни 23
Кочани 5 067, Активни 6
Струга 4 708, Активни 6
Гевгелија 4 392, Активни 4
Неготино 3 669, Активни 4
Ресен 2 709, Активни 8
Свети Николе 2 622, Активни 2
Радовиш 2 525, Активни 12
Крива Паланка 2 413, Активни 3
Делчево 1 972, Активни 10
Дебар 1 673, Активни 0
Берово 1 644, Активни 2
Валандово 1 480, Активни 0
Виница 1 387, Активни 4
Пробиштип 1 264, Активни 0
Богданци 1 019, Активни 1
Кратово 962, Активни 2
Крушево 928, Активни 4
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 345, Активни 0
