Во денешната статистика за состојбата со ковид-19 во земјава за последните 24 часа, Министерството за здравство информираше дека регистрирани се нови 199 случаи, а од нив најмногу се во Скопје (90) и во Свети Николе (24).
По градови останатите нови случаи на ковид се во Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Кичево-3, Ресен-2.
Потврдените случаи се од 1545 тестирања.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.
Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.
Состојбата по градови е следна:
• Скопје 3803, активни 1864
• Куманово 848, активни 181
• Дебар 143, активни 81
• Штип 430, активни 165
• Прилеп 294, активни 61
• Тетово 856, активни 323
• Струга 312, активни 156
• Велес 201, активни 38
• Битола 70, активни 29
• Охрид 223, активни 131
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 216, активни 131
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 22, активни 13
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 5, активни 1
• Крушево 10, активни 5
• Кочани 76, активни 16
• Пробиштип 35, активни 23
• Демир Хисар 6, активни 5
• Македонски Брод 8, активни 5
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 112, активни 105
• Кичево 68, активни 59
• Ресен 134, активни 89
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)