Пријавени се 142 нови случаи на ковид од кои 25 се реинфекции со вирусот. Со тоа, бројот на активни случаи на ковид во земјава изнесува 1 112
Во последните 24 часа направени се 1 997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид. Од заразените, пријавени се 25 реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од заразените се од Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1.
Регистрирани сe 198 оздравени пациенти од: Скопје – 112, Битола – 24, Охрид – 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово – по 7, Ресен – 6, Велес, Делчево и Берово – по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Дебар и Валандово – по 1
Во текот на минатото деноноќие регистрирано е едно починато лице од Скопје (82г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот од 7 март до 8 април 2022 година и тоа две во болнички и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1 990 996 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308 294, бројот на оздравени пациенти е 297 922, на починати е 9 260, а бројот на активни случаи изнесува 1 112.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144 845, Активни 592
Куманово 16 604, Активни 20
Битола 15 078, Активни 164
Прилеп 14 090, Активни 55
Тетово 13 438, Активни 13
Кавадарци 10 591, Активни 38
Велес 9 716, Активни 15
Гостивар 9 563, Активни 21
Охрид 8 807, Активни 38
Струмица 8 034, Активни 19
Штип 7 994, Активни 15
Кичево 5 595, Активни 28
Кочани 5 067, Активни 6
Струга 4 708, Активни 6
Гевгелија 4 392, Активни 7
Неготино 3 668, Активни 5
Ресен 2 708, Активни 12
Свети Николе 2 622, Активни 5
Радовиш 2 524, Активни 12
Крива Паланка 2 413, Активни 3
Делчево 1 972, Активни 15
Дебар 1 673, Активни 0
Берово 1 643, Активни 1
Валандово 1 481, Активни 1
Виница 1 387, Активни 5
Пробиштип 1 264, Активни 0
Богданци 1 019, Активни 1
Кратово 962, Активни 2
Крушево 928, Активни 5
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 344, Активни 0