Нови 72 случаи на позитивни на ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа од направени 5 759 тестирања. Во Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово по 1 случај, информира Министерството за здравство.
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1. Не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 982 469 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 452, бројката на оздравени пациенти е 150 371, на починати е 5 493, а бројот на активни случаи изнесува 588.