Бројот на активни случаи изнесува 2 478 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа, од направени 1 131 тест, регистрирани се 381 нов случај на ковид-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија – по 15, Кочани – 10, Велес и Охрид – по 9, Струмица – 8, Гостивар и Штип – по 7, Радовиш и Делчево – 6, Кичево, Неготино и Берово – по 5, Тетово и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.
Регистрирани сe 775 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58г) и Охрид (67г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62г), Кочани (73г), Свети Николе (86г) и Ресен (64г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.08. до 21.08.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338 929, бројот на оздравени пациенти е 326 990, на починати е 9 461, а бројот на активни случаи изнесува 2 478 лица.