Во последните три дена пријавено е едно починато лице, а регистрирани се и дополнителни три смртни случаи од деновите претходно

Во последните три дена (од 24 до 26 септември) направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани се 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола – 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите три дена (24.09 – 26.09.2022) пријавен е еден смртен случај од Скопје (87г) и истиот е регистриран во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително пријавени се три починати лица во периодот од 29 август до 15 септември. Од починатите, две лица биле од Скопје (91г и 89г), а едно од Кавадарци (71г). Два смртни случаи се во домашни, а еден во болнички услови.
Активни се 374 случаи: 230 се само во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 615, бројот на оздравени пациенти е 332 710, на починати е 9 531, а бројот на активни случаи изнесува 374.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 161 223, Активни 230
- Куманово 18 199, Активни 15
- Битола 17 910, Активни 21
- Прилеп 15 476, Активни 19
- Тетово 14 453, Активни 9
- Кавадарци 12 073, Активни 15
- Велес 10 794, Активни 19
- Охрид 10 302, Активни 10
- Гостивар 10 274, Активни 1
- Струмица 8 774, Активни 0
- Штип 8 747, Активни 9
- Кичево 6 069, Активни 6
- Кочани 5 544, Активни 0
- Струга 5 171, Активни 0
- Гевгелија 4 875, Активни 2
- Неготино 4 137, Активни 5
- Ресен 3 029, Активни 7
- Радовиш 2 834, Активни 2
- Свети Николе 2 793, Активни 0
- Крива Паланка 2 660, Активни 1
- Делчево 2 183, Активни 0
- Берово 1 872, Активни 1
- Дебар 1 812, Активни 0
- Валандово 1 600, Активни 0
- Виница 1 477, Активни 0
- Пробиштип 1 299, Активни 0
- Кратово 1 121, Активни 2
- Богданци 1 100, Активни 0
- Крушево 1 037, Активни 0
- Демир Хисар 929, Активни 0
- Македонски Брод 798, Активни 0
- Демир Капија 628, Активни 0
- Македонска Каменица 534, Активни 0
- Пехчево 518, Активни 0
- Дојран 370, Активни 0