Во последните 24 часа регистрирани се 95 оздравени лица, двајца починати и само пет новозаболени со ковид-19.
Оздравените пациенти по градови се од: Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.
„Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот“,
информира Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се пет нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.
„Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, две лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сè уште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување“,
велат од Министерството.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација е еден пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти, а уште пет се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца. Во болницата во Штип се примени двајца нови пациенти, а хоспитализирани вкупно четири, додека пак уште четири се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на ковид-19.
Направените 249 теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -6 и МАНУ -3. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на ковид -19.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482. Последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 511
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –158
Тетово – 86
Струга – 67
Велес – 77
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2