Според последните податоци на Ворлдометерс, во светот има вкупно 2 259 001 заболени од ковид-19, од кои 154 390 починале, а 575 970 луѓе оздравеле.
Новопријавени во изминатите 24 часа се 10 138 заразени со коронавирусот.
На листата со најмногу заразени и починати се САД со 710 272 заболени и 37 175 починати лица, од кои новозаразени се 537.
Втора на листата е Шпанија со 190 839 заболени од ковид-19 и 20 002 починати, по што следува Италија со 172 434 заболени и 22 745 починати лица.
Во Франција бројот на заболени е 147 969 лица, а на смртни случаи 18 681 лица.
Во Германија има 141 397 заболени и 4 352 починати од ковид-19. Потоа следува Велика Британија со 108 692 заразени и 14 576 починати лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека САД не се држава со најголем број починати од ковид-19, и повторно ја доведе во прашање веродостојноста на податоците од Кина, истакнувајќи дека дека е уверен оти Кина има поголем број жртви отколку што тоа го покажуваат официјалните податоци.
„Ние немаме најголем број жртви во светот. Најмногу во светот мора да има во Кина. Тоа е огромна земја. Мина низ огромен проблем и со овој огромен проблем сигурно има најмногу“,
рече Трамп.
Пекинг досега призна дека 1 300 лица кои починале од последиците на коронавирусот во Вухан не биле пресметани во официјалните податоци, но и ги отфрли обвинувањата дека станува збор за манипулација со бројот на жртвите.
Според Ворлдометерс во Кина, каде првпат беше регистрирана болеста која прерасна во пандемија, од коронавирус се заразени 82 719 лица, а починале вкупно 4 632.
*Поврзана вест
Политико: Ковид-19 и критиките на Трамп – каде погрешија Кина и СЗО?