Словенечката Влада објави дека епидемијата на коронавирусот и дефинитивно е ставена под контрола, а денешна објавената информација за само едно новозаразено лице го потврдува тоа, јави МИА од Љубљана.
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, изминатото деноноќие не се регистрирани починати, како последица на ковид-19.
Овие податоци се дополнителен показател да може државата да продолжи со олабавувањето на ограничувањата донесени поради епидемијата.
Од денеска се отворени меѓународните аеродроми, а карантинот за оние кои влегуваат во земјата е скратен само седум дена, додека државната е заменета со домашена изолација.