На територијата во Скопје од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 24 109 случаи со ковид, од нив во моментов активни се 9 837.
По општини најмногу случаи има во Гази Баба, вкупно 1 474 активни случаи, а уште четири други општини се со над илјада активни ковид-случаи Аеродром -1 407, Кисела Вода – 1 196, Карпош – 1 188 и Центар – 1 180.
Следуваат општините Ѓорче Петров со 823 и Чаир со 610 активни случаи, а во Бутел во моментов се 552 ковид-случаи. Оптина Илинден брои 244 активни случаи на ковид, а зад него е Шуто Оризари со 184. Нешто помалку има во Сарај или 151 случај, во Петровец бројот се искачи на 126, а во Чучер Сандево на 103 активни ковид-случаи.
Под 100 активни случаи се скопските општини Зелениково -73, Сопиште – 66, Студеничани – 52 и Арачиново -32
Во моментов на територијата во Скопје регистрирани се и 173 странци со ковид-19, а други 203 случаи сè уште не се распределени по општини.