Државава ќе ја добие таа вакцина против ковид-19 што прва ќе биде регистрирана и одобрена преку механизмот Ковакс, вели претседателката на Комитетот за имунизација
Државава ќе ја добие таа вакцина против ковид-19 што прва ќе биде регистрирана и одобрена преку механизмот Ковакс. Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели за МИА проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседателка на Комитетот за имунизација.
Договорот со механизмот Ковакс, посочи таа, предвидува вкупна количина од 800 000 вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луѓе.
„Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање прво на ризичните групи, како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за другата популација,
потенцира Грозданова.
Компанијата „Фајзер“ веќе поднесе апликација за т.н. итна постапка за одобрување на вакцината во Управата за храна и лекови (ФДА) во САД, а оваа процедура се очекува дека да ја користат и производителите „Модерна“ и „Астра Зенека“ за регистрација во Европската медицинска агенција.
Како што вели Грозданова, најавите се дека веќе во декември е можно да ја имаме првата одобрена вакцина за ковид-19.