Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Со ова, вкупниот број на сомнителни и потврдени со ковид -19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 412.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија, на Очната клиника и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на ТБЦ и двајца на Клиниката за дерматологија.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 13, а на ОРЛ 16 лица. На Клиниката за гастроентерохепатологија има 18 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести се грижени 136 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 44 пациенти.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.