Во последното деноноќие земјава регистрирала голем број на починати пациенти со ковид-19.
Починати се 12 лица кои од кои најмладиот пациент бил на возраст од 43, а највозрасниот на 85 години.
По градови, најмногу од починатите се од Скопје (52, 73, 85 години).
Двајца пациенти од Прилеп (75 и 78), двајца од Велес (61 и 62), двајца од Гостивар (43 и 76), а по еден пациент од Куманово (59 години), Струмица (66) и Свети Николе (69).
Вкупната бројка на починати од почетокот на епидемијата изнесува 862 лица.