Во Кина во последните 24 часа потврдени се уште шест нови случаи со ковид-19, што е помалку од вчера, кога нивниот број изнесуваше десет. Вкупниот број на заразени лица изнесува 82.804, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.
Од новозаразените, два се импортирани случаи, додека вчера беа шест. Забележан е раст на бројот на асимптоматски случаи од 27 на 34.
Во Кина не се регистрирани нови смртни случаи, така што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 4 632.
До овој момент, според „Ворлдометерс“, бројот на заболени со ковид-19 во светот изнесува 2 милиони и 700 илјади. Излекувани 750 илјади лица, а починати се 190 илјади лица. Бројките на овие статистики постојано се менуваат.