Во Италија денеска се потврдени 6 153 нови случаи на заразени со коронавирусот, а 662 лица починале од ковид-19.
Вкупниот број на починати во земјата достигна 8 165лица, додека вкупниот број на заразени изнесува 80 539.
Шпанија со црниот биланс од починати 738 луѓе вчера, ја надмина Кина и е втора држава во светот по број на смртни случаи од коронавирусот по Италија. Денеска тој број е 498, со што вкупно во оваа земја досега починаа 4 089 лица, а вкупно се заразени 56 198.
Шпанскиот парламент денеска ја продолжи вонредната состојба најмалку до 12 април.
Вкупниот број на заразени во светот денеска надмина половина милион луѓе.