Епидемијата на коронавирусот ќе биде главен фокус на дневнот ред на Европската унија кога Германија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот во втората половина на оваа година, напиша во весникот „Велт“ германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
Мас изразувамислење за глобалното справување со кризата и ги критикуваше САД за бавно дејствување, а Кина за авторитарен пристап.
„Ќе направиме „корона-претседателство“ за надминување на вирусот и неговите последици“,
напиша Мас.
Германија го презема претседателството со ЕУ на 1 јули од Хрватска.
Постепеното и координирано намалување на патните бариери ќе биде една од првите задачи „веднаш штом ќе излеземе од шумата“, пишува тој.
ЕУ исто така ќе треба да се научи од кризата и да ја подобри граѓанската заштита и заедничката набавка, како и производството на медицински материјали, вели Мас.
Неопходно вели е и да се поправат грешките што кризата ги откри, истакнувајќи дека во Европа е недопуштено да има ограничувања за демократијата и владеењето на правото, според неговите зборови, под маската за борба против коронавирусот