Во ковид-центрите низ целата држава има 560 празни кревети
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 700 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 400 пациенти, додека во Скопје 300, каде во изминатите 24 часа има 14 новопримени пациенти со компликации од ковид-19.
По извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, во Штип се хоспитализирани 34 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 21 пациенти, во Велес се лекуваат 31, а во Куманово 61 пациенти.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47, во ковид-центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и сомнителни на коронавирусот.