Кога станува збор за болниците во внатрешноста, во моментов нема хоспитализирани во центрите во Кавадарци и Гевгелија, додека најмногу пациенти има во кумановската и охридската болница, 24 односно 20
Во ковид-центрите низ државата вкупно се лекуваат 209 пациенти од кои 75 се во болниците во Скопје, додека останатите 134 се во другите градови. Слободни се околу 480 кревети.
Според извештајот на Министерството за здравство, во последните 24 часа во скопските болници примени се само четири нови пациенти, а 12 излекувани се пуштени дома.
Од хоспитализираните во главниот град, најмногу се сместени на Инфективната клиника – 38. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 23, а на Институтот за ТБЦ 14.
Кога станува збор за болниците во внатрешноста, во моментов нема хоспитализирани во центрите во Кавадарци и Гевгелија, додека најмногу пациенти има во кумановската и охридската болница, 24 односно 20. Во болницата во Битола се лекуваат 18, Штип 16, Велес, 13, Струмица 13, Прилеп 10, Струга 9, Кичево 4, Тетово 4, Гостивар 3.