Во изминатото деноноќие направени се 3 096 тестирања, со што бројот на новодијагностицирани изнесува 34 отсто
Во изминатите 24 часа, како последица на ковид, во земјава починаа 25 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Најмладиот од починатите е на 34 години од Куманово, а најстариот на 83 години. Од починатите, најмногу се од Куманово (5 пациенти) и Битола (4 пациенти), потоа од Скопје, Тетово, Прилеп, Крушево, Гостивар, Кавадарци, Крива Паланка, Струмица, Валандово, Пехчево и Свети Николе. Двајца пациенти се починати вон, додека останатите во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3 096 тестирања, а регистрирани се 1 064 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-541, Куманово-57, Дебар-4, Штип-46, Прилеп-24, Тетово-57, Струга-23, Велес-44, Битола-43, Охрид-33, Кавадарци-25, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод- 4, Пехчево-7, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-25, Ресен-6, Неготино-10.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: Скопје-163, Куманово-36, Дебар-4, Штип-19, Прилеп-30, Тетово-30, Струга-16, Велес-39, Битола-20, Охрид-21, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-9, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-17, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Кратово-2, Свети Николе-6, Кичево-9, Ресен-3, Неготино-2.
Со ова, вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44 898, на оздравени 26 289, на починати е 1 263, а бројот на активни случаи изнесува 17 346. ж
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 19 736, активни 8 137• Куманово 2 940, активни 783• Дебар 406, активни 91• Штип 2 100, активни 487• Прилеп 2 024, активни 824• Тетово 3 056, активни 1 037• Струга 1 030, активни 245• Велес 1 356, активни 740• Битола 1 240, активни 625• Охрид 1 092, активни 475• Кавадарци 835, активни 383• Гостивар 1 658, активни 522• Гевгелија 552, активни 221 (26 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 95 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1 303, активни 625• Крива Паланка 322, активни 109• Радовиш 336, активни 128• Крушево 62, активни 34• Кочани 975, активни 312• Пробиштип 287, активни 99• Демир Хисар 145, активни 71• Македонски Брод 123, активни 20• Пехчево 79, активни 19• Берово 272, активни 79• Валандово 129, активни 38• Виница 262, активни 130• Делчево 338, активни 180 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 112, активни 69• Свети Николе 603, активни 149• Кичево 884, активни 388• Ресен 328, активни 116• Неготино 313, активни 210 (24 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 3 096 теста се преку: ИЈЗ-717, ЦЈЗ Скопје-142, Авицена-354, Биотек-409, МАНУ -273, Жан Митрев (Филип Втори) -249, Систина со PCR метода -347, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-19, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-17, Синлаб-81, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -311.
Досега во земјата се направени вкупно 286 181 тестирања на ковид -19.