Во последните 24 часа вкупно 44 нови пациенти биле хоспитализирани во ковид центрите во Скопје. Со тоа, бројката на пациенти кои се лекуваат во главниот град достигна 469 лица. Во болниците во внатрешноста пак, се лекуваат 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Според Министерството за здравство, вкупната бројка на хоспитализирани пациенти во земјава е 1 282 лица, а во болниците има уште 190 слободни кревети.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 23 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 16 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои девет деца и 25 возрасен.
„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во „ГОБ 8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“,
се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип има 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 113 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 118, во Гостивар 59, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 64 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.
Од Министерството за здравство велат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.