Покрај вчерашните 6 смртни случаи, во денешната статистика влегуваат уште 14 починати пациенти во Клиниката „Жан Митрев“ кои битката со вирусот ја изгубиле во периодот од 4 до 30 јануари 2021
Во изминатите 24 часа направени се 2 291 тестирање за ковид-19 од кои се регистрирани 350 нови случаи.
По градови новите случаи се регистрирани во: Скопје – 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Штип и Демир Капија – по 5, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Битола, Берово и Демир Хисар – по 2, Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани се 266 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Кавадарци – 17, Куманово – 12, Велес – 11, Ресен – 8, Неготино и Штип – по 7, Прилеп – 6, Струмица и Кичево – по 5, Тетово и Кочани – по 4, Гевгелија, Битола, Берово и Кратово – по 3, Гостивар, Демир Капија, Дебар, Пробиштип, Виница и Богданци – по 2, Делчево, Крива Паланка, Македонски Брод и Пехчево – по 1
Во текот на вчерашниот ден регистрирани се и 6 починати, а во денешната статистика влегуваат уште 14 смртни случаи од Клиниката „Жан Митрев“ – пациенти кои починале во периодот од 4.1. до 30.1.2021.
Овие 20 пациенти се од: 12 од Скопје (59, 61, 62, 62, 66, 66, 68, 71, 74, 75, 80, 83 г), два од Струга (69,76 г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67 г), Кавадарци (35 г), Крушево (69 г), Пробиштип (73 г) и Радовиш (56 г).
Активни се 7 831 случај
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93 510, бројката на оздравени пациенти е 82 786, на починати е 2 893, а бројот на активни случаи изнесува 7 831. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 40 817, активни 3 972
- Куманово 5 233, активни 343
- Тетово 5 147, активни 311
- Прилеп 4 581, активни 142
- Гостивар 3 636, активни 196
- Штип 3 513, активни 104
- Битола 3 237, активни 141
- Велес 3 148, активни 282
- Охрид 2 848, активни 397
- Кавадарци 2 671, активни 363
- Струмица 2 547, активни 245
- Струга 2 238, активни 180
- Кочани 1 734, активни 66
- Кичево 1 724, активни 119
- Свети Николе 1 084, активни 36
- Гевгелија 1 011, активни 109
- Неготино 976, активни 85
- Дебар 768, активни 90
- Ресен 744, активни 90
- Крива Паланка 731, активни 37
- Радовиш 718, активни 51
- Делчево 642, активни 200
- Берово 597, активни 36
- Пробиштип 508, активни 26
- Виница 493, активни 27
- Валандово 325, активни 9
- Македонски Брод 246, активни 11
- Демир Хисар 247, активни 7
- Кратово 233, активни 24
- Богданци 225, активни 18
- Крушево 212, активни 29
- Демир Капија 219, активни 49
- Македонска Каменица 190, активни 29
- Пехчево 183, активни 9
- Дојран 84, активни 6
Направените 2 291 теста се преку: ИЈЗ-485, ЦЈЗ Скопје-67, Авицена-210, Биотек-220, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Систина-187, лабораторија Лаор-101, МАНУ-127, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 632, УК Пулмологија со алергологија-4, ГОБ 8 Септември-4, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 461 850 тестирања за ковид-19.