Србија досега има евидентирано 7 779 заразени лица со ковид-19, од кои 296 се регистрирани во последните 24 часа.
Во изминатото деноноќие за првпат биле тестирани над пет илјади граѓани или конкретно 5 051, додека вкупниот број на тестирани е 59 938 лица.
Кога станува збор за бројот на починати, регистрирани се седум нови жртви со кои вкуниот број на починати се искачи на 151 лице.
Бројот на излекувани пациенти досега изнесува 1 152.