Во моментов во Скопје се активни 371 случаи, а девет града се без ниту еден потврден случај

Во последните 24 часа направени се 775 теста, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 68, Прилеп – 6, Куманово и Битола – по 5, Велес и Ресен – по 3, Тетово, Кавадарци и Штип – по 2, Кратово и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција.
Регистрирани се и 79 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Куманово и Кавадарци – по 5, Штип и Неготино – по 3, Прилеп и Велес – по 2, Тетово, Берово, Охрид, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Македонски – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, пак, не се регистрирани починати лица, а нема информации за смртни случаи ниту во Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 413, бројот на оздравени пациенти е 332 229, на починати е 9 524, а бројот на активни случаи изнесува 660.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 161 099, Активни 371
- Куманово 18 191, Активни 29
- Битола 17 903, Активни 45
- Прилеп 15 466, Активни 42
- Тетово 14 447, Активни 7
- Кавадарци 12 065, Активни 24
- Велес 10 783, Активни 21
- Охрид 10 295, Активни 17
- Гостивар 10 273, Активни 2
- Струмица 8 774, Активни 8
- Штип 8 742, Активни 20
- Кичево 6 067, Активни 6
- Кочани 5 545, Активни 4
- Струга 5 172, Активни 1
- Гевгелија 4 873, Активни 7
- Неготино 4 132, Активни 2
- Ресен 3 026, Активни 18
- Радовиш 2 833, Активни 7
- Свети Николе 2 793, Активни 0
- Крива Паланка 2 659, Активни 4
- Делчево 2 182, Активни 9
- Берово 1 873, Активни 2
- Дебар 1 812, Активни 0
- Валандово 1 600, Активни 1
- Виница 1 477, Активни 0
- Пробиштип 1 299, Активни 0
- Кратово 1 120, Активни 4
- Богданци 1 100, Активни 0
- Крушево 1 037, Активни 6
- Демир Хисар 927, Активни 2
- Македонски Брод 798, Активни 1
- Демир Капија 628, Активни 0
- Македонска Каменица 534, Активни 0
- Пехчево 518, Активни 0
- Дојран 370, Активни 0