Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани нови 897 случаи на ковид-19. Потврдените случаи се од направени 1.828 тестови и тоа покажува дека скоро 50 отсто од тестираните биле позитивни.
Најголем број позитивни случаи има во Скопје-384, Битола-66, Струмица-47, додека во Богданци е регистриран само еден случај на позитивен со ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 215 реинфекции. Во изминатото деноноќие регистирани се 638 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (80г и 83г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901
Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје-2.217, додека Демир Капија во моментов е без активни случаи со ковид-19.