Регистрирани сe 125 оздравени пациенти од кои најголемиот дел се од Скопје
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа регистрирани се нови 89 случаи на ковид-19. Новорегистрираните позитивни случаи се од направени 656 тестови. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 26 реинфекции.
Регистрирани сe 125 оздравени пациенти од кои најголемиот дел се од Скопје.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Струмица на возраст од 71 година, починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 161 598 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 075, бројот на оздравени пациенти е 331 865, на починати е 9 521, а бројот на активни случаи изнесува 689. Најмногу активни случаи, 351 има во Скопје, а во Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево нема ниту еден активен случај.