Штип денеска го престигна Куманово според бројката на активни случаи
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9 026, соопштија денеска од Министерството за здравство.
Бројката на оздравени пациенти е 4 727, на починатие 414, а во моментов има 3 885 активни случаи – најмногу во Скопје, а потоа во Тетово, Штип, па Куманово.
. Моментно дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4214, активни 1868
• Куманово 904, активни 236
• Дебар 173, активни 111
• Штип 569, активни 272
• Прилеп 311, активни 62
• Тетово 938, активни 325
• Струга 351, активни 170
• Велес 206, активни 31
• Битола 88, активни 43
• Охрид 231, активни 116
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 286, активни 190
• Гевгелија 19, активни 9 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 28, активни 19
• Крива Паланка 22, активни 11
• Радовиш 18, активни 14
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 88, активни 20
• Пробиштип 42, активни 26
• Демир Хисар 14, активни 12
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 10, активни 6
• Свети Николе 184, активни 169
• Кичево 96, активни 80
• Ресен 140, активни 59
• Неготино 22, активни 2 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 84 916 тестирања на ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти и седум деца позитивни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.