На Клиниката за кардиологија починал пациент од Куманово, кај кој е потврдено присуство на коронавирусот
Мал пад на бројката на новозаразени со ковид-19 регистрира Министерството за здравство во последното деноноќие, кога од 987 тестирања се регистрирани 87 нови случаи на ковид-19. И овој пат најголема е бројката на заразени во Скопје – 41. Следуваат Штип со 16 позитивни на коронавирусот, па Куманово – 12, Тетово – 10. Во Струга и во Гостивар има по еден нов случај, во Охрид-2, а во Пробиштип-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје – 1, Прилеп – 2, Тетово – 2.
На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред два дена, за кој е потврдено дека е заразен со ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 239, бројката на оздравени пациенти е 1 658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 424
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1 373, активни 760
• Куманово 568, активни 150
• Дебар 53, активни 2
• Штип 223, активни 185
• Прилеп 218, активни 25
• Тетово 301, активни 135
• Струга 106, активни 33
• Велес 144, активни 30
• Битола 30, активни 3
• Охрид 37, активни 20
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 51, активни 29
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 80 се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.