Од новите случаи, најмногу 249 се во Скопје
Во изминатите 24 часа, во земјава се регистирани 445 новозаразени со коронавирус, што е најголема бројка од почетокот на поандемијата досега.
Како што соопшти Министерството за здравство во дневната статистика која наместо попладне, е објавена доцна вечерва, во овие 445 новозаразени се регистрирани врз основа на спроведени 2 441 тестирања.
Од новите случаи, најмногу 249 се во Скопје, додека во другите градови ситуацијата е следна: Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска се регистрирани и девет починати лица како последица на ковид-19, сите во болнички услови на возраст од 58 до 83 годишна возраст и тоа: двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.
Со денешните бројки, вкупно досега во земјава ковид дијагностицирани се 21 636, на оздравени пациенти е 16 591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4 236.
Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8 872, активни 1 969
• Куманово 1 898, активни 168
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1 381, активни 125
• Прилеп 839, активни 181
• Тетово 1 622, активни 226
• Струга 727, активни 65
• Велес 392, активни 69
• Битола 403, активни 111
• Охрид 476, активни 60
• Кавадарци 284, активни 63
• Гостивар 1 003, активни 84
• Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 473, активни 281
• Крива Паланка 161, активни 54
• Радовиш 148, активни 62
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 512, активни 201
• Пробиштип 130, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 4
• Берово 155, активни 51
• Валандово 64, активни 36
• Виница 141, активни 46
• Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 407, активни 59
• Кичево 363, активни 37
• Ресен 171, активни 10
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 2 441 теста се преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-495, Биотек-278, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -375, Систина со PCR метода -218, лабораторија Лаор –99, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-7, ГАК-25, Синлаб-71.
Досега во земјата се направени вкупно 211 790 тестирања на ковид -19.