Половина од вкупниот број на активни случаи во земјава се во Скопје, каде досега се регистрирани 85 929 заболени од ковид-19
Близу 200 илјади случаи на ковид-19 се регистрирани во земјава од почетокот на пандемијата, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.
Последниот извештај на Министерството покажува дека заклучно со 15 октомври регистирани се вкупно 196 762 случаи на коронавирусот, од кои во моментов активни се 6 813.
Половина од вкупниот број на активните случаи се во Скопје (3 413 ) каде досега се регистрирани вкупно 85 929 заболени од ковид-19.
После Скопје, најголем број на активно болни од коронавирусот има во Куманово – 564, Велес – 318, Охрид – 218, Прилеп – 212 и Штип каде има 211 случаи на ковид-19.
Троцифрен е бројот на активно болни и во Битола – 197, Струмица – 187, Кавадарци – 170, Тетово – 169, Кичево – 139, Кочани – 131 и Крива Паланка – 120.
Во Свети Николе има 91 активен случај на ковид-19, па следуваат Гевгелија -72, Гостивар – 67, Радовиш – 62, Струга -61, Кратово – 52, Делчево – 45, Македонска Каменица – 45, Ресен – 42, Пробиштип – 41, Виница- 36, Демир Хисар- 33, Неготино – 21, Богданци – 20, Дебар и Валандово – 18, Берово – 15, Крушево -12, Мекдонски Брод -9, Дојран – 2 и Демир Капија и Пехчево со по еден активен случај на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1 339 824 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на оздравени пациенти од ковид-19 во земјава е 183 027, додека 6 922 лица болни од вирусот починале.
Во бројката од 196 762 случаи на коронаворус кои досега се регистрирани во земјава, се и 395 нови случаи кои беа откриени во последните 24 часа. Во последното деноноќие починаа 14 лица, а 245 лица се заведени како оздравени.
Новите случаи во последното денононоќие се регистрирани во: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.