Во последните 24 часа има 324 нови случаи на коронавирус во земјава и седум починати
Регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 од направени 2 589 тестирања во последните 24 часа. Починати се седум лица, а оздравени се 479 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Нови случаи по градови
Скопје – 151,
Тетово – 27,
Кавадарци – 17,
Охрид – 16,
Велес – 14,
Куманово – 13,
Делчево – 11,
Битола – 9,
Струга – 9,
Гевгелија – 8,
Гостивар – 6,
Демир Капија – 6,
Штип – 5,
Радовиш – 4,
Берово – 4,
Прилеп – 3,
Струмица – 3,
Кичево – 3,
Неготино – 3,
Ресен – 3,
Кратово – 2,
Крушево – 2,
Македонски Брод – 2,
Кочани – 1,
Свети Николе – 1 ,
Крива Паланка – 1,
Демир Хисар – 1.
Од вкупно 479 оздравени пациенти, во Скопје се 358.
Починати се седум лица, од кои двајца пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г). Сите седум пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.
Најмногу активни случаи, ли повеќе од половина од вкупната бројка, има во скопските општини – 4.449 од вкупно 40 324 случаи од почетокот на епидемијата, најмалку активни случаи има во Дојран – 6.