Најавата премиерот ја даде по новинарско прашање дали ќе свика нова лидерска средба за уставните измени, по што тој наведе дека во моментов такво нешто не е планирано, но не исклучува можност за нова средба на која ќе може повторно да се разговара на најзначајните прашања за државата меѓу кои го наведе и претседавањето со ОБСЕ
По министерот за надворешни работи Бујар Османи, во посета на Украина наредниот месец ќе оди и премиерот Димитар Ковачевски.
Таму како премиер на земја претседавач со ОБСЕ тој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а претходно во Виена ќе се види и со претставници на други држави членки на Организација.
„Ние сме и држава која претседава со ОБСЕ, тоа е една исклучително голема обврска, одговорност, но и можност за промоција на Северна Македонија како држава која го предводи процесот на унапредување на мирот и безбедноста во Европа и особено во вакви геостратегиски услуги каде што на територијата на Европа се води војна, тоа бара ресурси, но и вклучување на сите капацитети што државата ги има. Вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи ги претстави приоритетите на нашето претседателство, веќе на почеток на идна недела тој ќе биде во Украина бидејќи тоа е врвен приоритет на безбедноста и стабилноста на Европа и во текот на почетокот на февруари и јас ќе одам на состанок во Украина каде ќе се сретнам со претседателот на Украина, господинот Зеленски, но и претходно на состаноци во Виена со другите земји членки во ОБСЕ“,
изјави денеска Ковачевски.
- (ВИДЕО) Османи од Виена: Нашиот фокус ќе бидат луѓето, ОБСЕ мора да даде резултати во овие тешки времиња
- Османи најави посета на Киев месецов, а откри и дека Лавров му пишал писмо
Најавата премиерот ја даде по новинарско прашање дали ќе свика нова лидерска средба за уставните измени, по што тој наведе дека во моментов такво нешто не е планирано, но не исклучува можност за нова средба на која ќе може повторно да се разговара на најзначајните прашања за државата меѓу кои го наведе и претседавањето со ОБСЕ.
За уставните измени, пак, повторни дека тие се потребни за државата да го продолжи својот европски пат до полноправно членство во ЕУ и оти повеќе не постои простор за декларативна поддршка туку сега треба да има и навистина политичка поддршка.
На политичко ниво, рече, нормално дека постојат разговори и според него периодот до ноември годинава не е краток за да се заврши еден процес на уставни измени.