„Верувам дека овој момент ќе го препознаат проевропските сили во општеството кои ќе застанат во одбрана на визијата за европска држава. Зад таа визија стои нашиот концепт на европерспективи и осигурена европска иднина наспроти концептот на неизвесност и изолација“, вели премиерот
САД сакаат да ја видат Северна Македонија што поскоро во Европската Унија, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по денешната средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер.
„На денешната средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер, уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики. Високо ја цениме добронамерноста на нашите американски пријатели, кои и на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ја повторија пораката дека ќе продолжат заедно со нас на европскиот пат“,
напиша Ковачевски на Фејсбук.
Нашиот следен исчекор кон евроинтеграциите, вели премиерот, е долгоочекуван и меѓународно поддржан како никогаш досега.
„Верувам дека овој момент ќе го препознаат проевропските сили во општеството кои ќе застанат во одбрана на визијата за европска држава. Зад таа визија стои нашиот концепт на европерспективи и осигурена европска иднина наспроти концептот на неизвесност и изолација“,
вели тој.