За време на средбата во Скопје, Ковачевски му порачал на својот косовски колега дека земјава ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово и оти е подготвена да даде свој придонес во оваа насока, како и дека го поддржува учеството на Косово во различни регионални формати на соработка
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Економскиот форум, кој се одржува во Скопје, остварил средба со косовскиот премиер Албин Курти кому му ја пренел поддршката на земјава и го поздравил постигнатиот договор за прифаќање на европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, кој, како што вели, ќе го гарантира мирот не само во двете земји туку и во целиот регион.

Ковачевски во оваа насока нагласил дека Северна Македонија во својство на претседавач со ОБСЕ е подготвена да им помогне на двете страни во фазата на имплементација на одредени делови од евентуалниот договор.
За време на средбата, Ковачевски му порачал на својот косовски колега дека земјава ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово и оти е подготвена да даде свој придонес во оваа насока, како и дека го поддржува учеството на Косово во различни регионални формати на соработка.
Двајцата премиери на средбата во Скопје говореле и за билатералните односи меѓу двете земји и напредокот на заемната соработка.