За свои лични цели, Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт, тоа крваво сценарио не успеа заради притисокот од јавноста и реакција на институциите вели Мартин Костовски од СДСМ
Мартин Костовски од СДСМ на денешната прес конференија го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да се откаже од нови крвави сценарија, да престане да ги турка луѓето во смислени судири и конфликти и јавно да се огради од неговите пиштолџии и качулки.
„Мицкоски не беше жртва туку режисер и главен реализатор на тоа мрачно, крваво сценарио. Целата јавност вчера виде обид за крваво сценарио во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса. Човекот кој требаше да има клучна улога се покажа дека е брат на висок функционер на Алијанса за Албанците, кого Данела Арсовска го постави на директорска функција“
кажа Костовски
Тој кажа дека е добро што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовски направила добар потег со тоа што го разрешила директорот на „Комунална хигиена“ кој воедно е брат на лицето кое вчера беше со пиштол на плоштадот Скендербег, Цуфи Кока, член на Алијанса на Албанците но вели дека со тоа и самата потврдила дека станува збор за договорено сценарио кое пропаднало под притисок на јавноста
„Прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата. Па какви се овие глупости, како од толкава толпа Мицкоски се препозна самиот? Се знае како, затоа што тој го смисли и го режираше ова сценарио кое не успеа. Ова говори дека нема основни човечки граници ова насилничкото и деструктивно однесување на Мицкоски и неговите коалициски партнери. Видете денеска како се заплеткаа од сопствените лаги, Алијанса вели се бранел, ВМРО-ДПМНЕ ја обивнува власта, Алијсна го обвинува ВМРО-ДПМНЕ.“
вели Костовски
Костовски вели дека СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи некој да жртвува луѓе, да разгорува меѓуетнички тензии заради остварување на партиските интереси на Мицкоски и неговите апетити за власт.