Ширењето на коронавирусот покрена дебата и во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за претстојните мечеви на Лигата на нации овој месец, па дури и за Европското првенство на лето.
На состанокот на Извршниот одбор во Амстердам донесоа неколку одлуки, меѓу кои и за домаќини на финалето во Лигата на Европа во 2022 и на Суперкупот во 2022 и во 2023 година.
Се разговараше и за опасноста од коронавирус и колку ширењето на болеста може да се одрази врз мартовските термини за репрезентативни активности.
Според челните луѓе на УЕФА, конечниот збор го имаа државите и нивните здравствени власти, а не Европската федерација.
„Во контакт сме со локалните власти и ќе постапиме онака како ќе наложат. Ние тука сме немоќни, во раце сме на стручњаци за вакви ситуации“,
изјави портпаролот на УЕФА.
Тој нагласи дека УЕФА е во постојана комуникација и со Светската здравствена организација и властите во државите што треба да ги организираат натпреварите.
Плејоф натпреварите за пласман на ЕП 2020 се закажани на 26 и 31 март.
Македонската репрезентација во полуфиналето во Д дивизија е домаќин на Косово, а во финалето ќе гостува кај победникот од мечот меѓу Белорусија и Грузија.