Социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе го задржи своето име, но компанијата „Мета“ ќе биде сопственик на трите големи брендови „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“.
Ова го најави денеска извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, кој претстави и други концепти.
Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на „Фејсбук“, и да се оддалечи компанијата од бројните скандали кои се случија неодамна, коментираат светските медиуми.
„Знам дека некои луѓе ќе речат дека ова не е време да се фокусираме на иднината и сакам да нагласам дека има важни прашања на кои треба да се работи сега. Секогаш ќе има“,
рече Закерберг за време на конференцијата за виртуелна и проширена реалност.
Тој рече дека не е сигурен дека за многу луѓе некогаш ќе биде добро време да се фокусираат на иднината.
„Но, исто така знам дека има многумина од вас кои се чувствуваат исто како и јас. Живееме за она што го градиме. Иако грешиме, продолжуваме да учиме и да градиме и да одиме напред“,
нагласи Закерберг.