Комплетна изведба на хидроизолациона заштита на мобилната болница што се гради до Клиниката за инфективни болести во Скопје. е обезбедена од компанијата за производство и пласман на хемиски материјали во градежништвото „Адинг“.

Тие велат дека ова е донација за побрзо завршување и ставање во фунцкија на болницата.
„Поради итноста на ситуацијата на вонредна седница на управниот одбор на ‘Адинг’ донесовме одлука за донација во вредност од 15.000 евра. Изведбениот стручен тим е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата“,
велат од компанијата.

Од пред четири дена нивниот слоган гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“ со што укажуваат дека ги поддржуваат сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки за спречување на коронавирусот.

Со мобилната болница опремена со соодветни тоалети и суви ходници ќе се удвојат капацитетите на Клиниката за инфективни болести.