Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не предложи нови рестриктивни мерки за справување со растечкиот број заразени со коронавирусот, потврдуваат од Министерството за здравство.
Засега останува апелот за целосно и доследно почитување на мерките што се во сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти по 21 часот, забрана за групирање на повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите компании.