„Путин, ќе бидеш казнет, со сите сертификати и печати и пресудата на Меѓународниот суд. Секој Украинец ќе се одмазди за секој од нашите мачени и убиени браќа“, вели во изјавата командантот на Азовскиот полк, Микита Надточи, говорејќи за масовното убиство на украинските воени затвореници во селото Оленивка во привремено окупираната територија на регионот Донецк
Вршителот на должноста командант на Азовскиот полк, чии заробени членови загинаа вчера во проруски сепаратистички затвор во напад за кој Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат, се обрати до јавноста.
Азов на својот канал на Телеграм објави изјава од неговиот в.д. командант, мајор Микита Надточи, за масовното убиство на украинските воени затвореници во селото Оленивка во привремено окупираната територија на регионот Донецк.
„Нападот во Оленивка го сметаме за чин на јавна егзекуција. Русија го спроведе затоа што знае дека никој нема да ја казни. Тие се навикнати да не одговараат, дури и за отворено кршење на законите, правилата и обичаите на војната. Затоа ние, Азов, Украина како земја и целиот цивилизиран свет се бориме Русија еднаш засекогаш да го запамети тоа“,
рече командантот на Азов.
"Every Ukrainian will take revenge!" – official statement of the t.v.o. of the commander of the Azov regiment Mykyta Nadtochia regarding the mass murder of Ukrainian prisoners of war in the S.M.T.
— ТРУХА⚡️English (@TpyxaNews) July 30, 2022
Olenivka in the temporarily occupied territory of the Donetsk region. pic.twitter.com/hRELg6Cl3S
„Веќе ги откриваме имињата на џелатите и организаторите на егзекуцијата на воените затвореници. Веќе имаме прелиминарни информации, но сèуште не сме подготвени да ги објавиме деталите. Ќе ги најдеме каде и да се – во окупираните делови на Украина, во Русија или во трета земја. Украина како држава ќе обезбеди правично судење и казнување“,
напиша Надточи.
Тој додаде дека 24 часа лажеле за украинската армија, а денеска со соопштението на нивната амбасада го потврдиле злосторството. Русија, како што додаде Надточи, мисли дека го погубила Азов, но Азов е сега цела Украина.
„Сакам да го потсетам Путин, кој е лично одговорен за ова злосторство, да не зборува за јажето во куќата на обесениот. Путин, ќе бидеш казнет, со сите сертификати и печати и пресудата на Меѓународниот суд. Секој Украинец ќе се одмазди за секој од нашите мачени и убиени браќа“,
изјави првиот човек на Азов.