Родителите на лицето Ф.К. од Скопје, против кое МВР поднесе кривична пријава за ширење заразна болест во време на епидемија, а обвинителството отвори предмет, на Фејсбук пласираа приказна дека се разболеле од колеги од Србија кои биле во посета на нивната фирма. Тие излегоа со ваква верзија за настаните откако беше потврдено дека и двајцата се позитивни на коронавирусот.
Полицијата, пак, утврди дека нивниот син, спротивно на првичната изјава што ја дал пред полициски службеници дека не патувал во странство, на 8 март (13 минути по полноќ) влегол во земјава на граничниот премин Табановце. ТВ Телма вчера објави дека неколкумина позитивни на коронавирусот од Скопје, во меѓу време, го посочиле осомничениот Ф.К. дека имале контакт со него.
Ова е фејсбук-објавата на мајката на Ф.К. од 19 март:
Таткото на осомничениот Ф.К., меѓу другото, го објави следното:
МВР, пак, соопшти дека, откако на 8 март влегол во земјава на Табановце, Ф.К. бил известен од здравствена екипа на Институтот за јавно здравје за одлуките на Владата дека е прогласена епидемија од ковид-19 и бил обврзан да биде во самоизолација со давање своерачна изјава каде ќе ја извршува самоизолацијата.
„Од полициски службеници од полициската станица Карпош извршена е проверка и разговор со обвинетиот. Тогаш тој дал изјава дека нема остварено влез и излез од земјава, со што дал лажен исказ. Лицето Ф.К., не почитувајќи ги прописите за заштита од ширењето на заразна болест, заразил повеќе лица и со тоа придонел во ширењето на епидемијата“,
рече дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
ТВ Телма објави дека Јавното обвинителство веќе ја примило пријавата од МВР и дека е отворен предмет. Ќе се испитуваат лицата кои го посочиле Ф.К. дека имале контакт со него, но ќе се проверува и документацијата од граничните премини.
Тој, наместо да се придржува до прописите и да се самоизолира, во континуитет остварувал средби и со своето семејство и со блиските, како и со вработени во неговата фирма.
Како што јавува Телма, и родителите тврделе дека немале патување во странство, иако за таткото на осомничениот е утврдено дека патувал во Србија на 6 март.