Во пресрет на денешниот конгрес, Изет Меџити изјави дека со обединувањето, ВЛЕН ќе се факторизира и ќе добие поголемо влијание кај етничките Албанци во земјава
Владејачката коалиција ВЛЕН денеска на конгрес во Скопје и официјално ќе се обедини во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе се трансформира во една политичка партија.

Копретседатели на новата партија ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, а функцијата генерален секретар на партијата ќе му припадне на Беким Сали. Новиот политички субјект, како што претходно најавија од ВЛЕН, ќе биде организиран со пет потсекретаријати, при што ќе се задржи рамномерна распределба на политичките партии кои моментално ја сочинуваат коалицијата.
Процесот за обединување на партиите во еден субјект треба да биде потврден на денешниот конгрес што ќе се одржи во македонската Филхармонија со почеток од 17 часот. Според агендата, по регистрација на делегатите, предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што изјави ќе дадат лидерите на ВЛЕН. Работниот дел на конгресот ќе започне нешто по 19 часот и е предвидено да трае до 21 часот.
Во пресрет на денешниот конгрес, Изет Меџити изјави дека со обединувањето, ВЛЕН ќе се факторизира и ќе добие поголемо влијание кај етничките Албанци во земјава.
