ВМРО-ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамас, а Христијан Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со Левица, велат од владејачкиот СДСМ.
Забележуваат и за најавата на Мицкоски дека ќе преговарал за вредностите со, како што велат, проруската Левица.
„Кои вредности се тоа? Против НАТО и против ЕУ, изолација, диктатура, режим и потпалувачка реторика. Тоа се вредностите на Левица за кои Мицкоски сака да преговара. Со признанието на Мицкоски за коалиција со Левица, јавноста ги виде ‘вредностите’ на ДПМНЕ“,
велат од СДСМ.
Посочија дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против стратегиските интереси на државата, против НАТО, против ЕУ, но затоа се „за“ коалиција со Апасиев и Левица.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека нема потреба од загриженост во редовите на СДСМ бидејќи немаат намера во овој момент да преземат било кој од, како што велат, коалицискиот пакт Левица – СДС – ДУИ.
Побараа СДСМ да каже дали за нив е прифатливо да се откажат од технички премиер од редовите на ДУИ.
„Дали до толку СДС е седната во скутот на ДУИ? Дали СДС мора да молчи и да прифати за технички премиер да постави човек од дувлото на криминалот и корупцијата во Македонија – ДУИ? Дали СДС е до толку потчинета во однос на криминалците од ДУИ, па се спремни да ја брукаат и Македонија со технички премиер од дувлото на криминалот и корупцијата?“
прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.