„Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа која не беше обновена од 2014 година. И беше додаден само еден лек. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд-лекови. Јавниот оглас е во тек. Пријавени се ‘Алкалоид‘, ‘Крка‘, ‘Белупо‘ и други фирми како можни добавувачи“, вели в.д. директорот на ФЗО
Очекувам новата позитивна листа на лекови да биде функционална до 16 септември, односно новите лекови да бидат достапни во системот и во аптеките, а матичните лекари да можат да почнат да ги издаваат и да се користат. Ова денеска го изјави Сашо Клековски, в.д. директорот на Фондот за здравствено осугурување (ФЗО), посочувајќи дека може да им гарантира на граѓаните оти нема да има проблеми во критичните подрчја на здравствениот систем, како во квалитетот на здравствените услуги и во достапноста на лековите.
„Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа, која не беше обновена од 2014 година. И беше додаден само еден лек. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд-лекови. Јавниот оглас е во тек. Пријавени се ‘Алкалоид‘, ‘Крка‘, ‘Белупо‘ и други фирми како можни добавувачи“,
рече Клековски.
На крајот на јули Клековски изјави дека не е прашање дали ФЗО има или нема пари за проширување на позитивната листа за девет лекови, туку дека се прави комплетна анализа.